Кортни и Тревис избраа необично име за својот син, еве кој ќе може да го посети бебето

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Старлетата Кортни Кардашијан и тапанарот на Блинк 182, Тревис Баркер неодамна го добија своето прво заедничко дете.

Корни роди син, а иако среќните родители се уште не го објавиле името на момчето, странските медиуми пренесуваат дека малиот го добил името Роки 13.

Покрај необичното име, Тревис и Кортни ги изненадија сите со едно правило што го имаат кога е во прашање нивното бебе.

Имено, како што пишува US Sun, двајцата нема да дозволат луѓето да доаѓаат кога и да посакаат да го запознаат синот, туку ќе испраќаат покани.

„Кортни и Тревис им кажаа на сите дека ќе одвојат слободно време само за себе и нивното мало семејство, но и за таа да се одмори. Потоа ќе испратат покани до поширокото семејство, кое ќе може да го запознае нивниот наследник, но еден по еден“, изјавил изворот за споменатиот медиум.

Слични содржини