Кортни Кардашијан објасни зошто таа и Тревис постојано се бакнуваат со јазик

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер повторно беа критикувани по минатонеделната епизода на шоуто на Кардашијан на Хулу, поради бакнувањето пред катедралата во Милано.

Кортни и Тревис се познати по тоа што јавно се бакнуваат со јазик, но овој пат Кортни објасни зошто го прават тоа на тој начин.

Кардашијан и Баркер застанаа пред катедралата, опкружени со возрасни и мали деца, а потоа почнаа да се бакнуваат и позираа за неколку фотографии.

Кортни тврди дека таа и Тревис се бакнуваат на тој начин за да не ѝ се уништи карминот на усните.

„Не сакам да си го уништам карминот и не сакам да оставам траги од кармин на Тревис. А ние навистина сакаме да се бакнуваме. Значи, се бакнуваме само со јазик“, објаснила Кортни.

Слични содржини