Кортни Кардашијан е бремена! Најстарата сестра од кланот Кардашијан поминала низ вкупно 10 вонтелесни оплодувања за да забремени на 44 години со новиот сопруг Тревис Баркер.
Таа на оригинален начин ја сподели радосната вест. За време на концертот на нејзиниот сопруг, Кортни држеше транспарент на кој пишуваше „Тревис, јас сум бремена“.
Музичарот скокна од сцената за да ја бакне сопругата. Тешко дека ова е изненадување за него, со оглед на тоа што парот е во процес на ин витро оплодување повеќе од една година, а и самата Кортни веќе има видлив стомак.
Сепак, Кардашијан се познати по своите екстремни постапки достојни за реално шоу.
Кортни со години беше во врска со Скот Дисик, со кој има 3 деца: Мејсон, Пенелопе и Реган, додека Тревис има две возрасни деца на возраст од 29 и 19 години.