Кортни Кардашијан неодамна се омажи за Тревис Баркер, а како што откри таа, работат на проширување на семејството.
Подготвена е на се за да забремени.
Во една епизода од реалното шоу на нејзиното семејство, Кортни откри дека докторот ѝ препорачал да ја пие спермата на нејзиниот сопруг за да ја зголеми плодноста.
„Тој рече дека спермата ќе ѝ помогне на мојата тироидна жлезда и ја пијам четири пати неделно“, рече Кортни смеејќи се, а Баркер додаде: „Го сакам тој доктор“.
Сепак, Кортни откри дека ќе користи друг метод за да забремени.
Инаку, Кортни презеде различни чекори за да ги зголеми шансите за зачнување.
„Исклучително сум благодарна што Тревис го прави ова со мене. Мислам дека не би можела сама да го направам тоа. Чувствувам дека тоа е нешто што треба да го направиме заедно. Заедно создаваме бебе“, рече таа.