Иако истакнува дека често се среќава со негативни коментари, Кортни Кардашијан овој пат била изненадена од позитивните реакции.
Во интервју за априлското издание на магазинот Health, Кортни зборувала и за фотографиите кои ги објавила минатото лето. Станува збор за необработена фотографија на која позира во едноделен костим за капење и гордо ги открива своите стрии.
„Стриите на горниот дел од нозете ги добив во осмо оделение и никогаш не ми сметаа. Напротив, ги сакам“, рекла Кортни.
https://www.instagram.com/p/B1FW08jgDQs/?utm_source=ig_embed
Сепак, она што изненадило се скоро во потполност позитивините коментари под фотографиите во кои нејзините следачи ја пофалиле што не користела фотошоп и што учествува во body positivity движењето.
Кортни во истото интервју додала дека многу ѝ е важно да даде добар пример за своите деца како би ги зајакнала ментално, оди на терапии еднашка до два пати неделно. Истакна дека терапиите и помогнале во борба со негативните коментри со кои се соочува секојдневно.