Кортни Кокс изненади со својот изглед, сфатила дека естетските зафати ѝ го уништиле лицето

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Актерката Кортни Кокс неодамна проговори за естетските зафати кои ги направила и кога точно сфатила дека претерала.

Американската телевизиска и филмска актерка Кортни Кокс (58) е најпозната по улогите во телевизискиот хит „Пријатели“ во кој ја играше Моника Гелер, како и во хорор филмот „Врисок“ во кој ја толкуваше новинарката Гејл Ведерс. По големиот успех од 90-тите со споменатиот ситком и филм, таа била подложена на естетски зафати, а своите одлуки никогаш не ги криеше од јавноста.

Како што призна, не била задоволна од својот изглед и малку по малку сакала да поправи се што не ѝ одговарало. Холивуд и очекувањата од младите актерки ѝ создале стрес.

И додека многумина брзо увидоа дека претерала со процедурите, таа дури по неколку години сфатила што направила со своето лице.

Сепак, последиците останаа, а тоа може да се види од најновите фотографии кои ги уловија папараците на улиците на Њујорк. Фокусот повторно беше на нејзиното лице, кое изгледаше како да е отечено.

Таа неодамна проговори за естетските зафати кои ги правела и кога точно сфатила дека претерала.

„Холивуд отежнува сè. Овој бизнис отежнува сè. Пораснав мислејќи дека изгледот е најважен. Се додека изгледам добро, ќе бидам добра“, рекла Кокс.

Меѓутоа, поради ова таа се нашла во маѓепсан круг.

„Она што на крајот се случува е да одите кај доктор кој ви вели: ‘Изгледате одлично, она што би помогнало е мала инјекција овде или филер таму’. Потоа ќе слушнете за друг доктор…“, раскажала познатата актерка.

Бидејќи претерала, најблискиот круг на луѓе искрено ѝ признал дека мора да престане да го прави тоа. Не зажалила за операциите само поради нивните реакции, туку и самата на крајот сфатила дека на новите фотографии изгледа многу полошо од порано. Заклучила дека одредени естетски корекции ѝ го влошиле изгледот.

„Тие не беа брчки, тоа беа линии од смеење. Морав да научам дека моето лице мора да се движи и дека филерите не ми се пријатели“, рече таа.

Слични содржини