Гостувајќи во емисијата Hiking with Kevin Nealon, Кортни Кокс зборуваше за снимањето на специјалната епизода на Пријатели која ќе биде прикажана во мај оваа година.
„Ни требаше вечност и токму тоа се случи. Конечно сите се собравме на вечера. И кога сме заедно, што е ретко, се случило можеви два пати откако завршило снимањето на серијата, навистина ни е забавно. Се смееме како луди“, рекла Кортни.
Едно од таквите собири, актерката го организирала во својот дом, а Џенифер Анистон заедничката фотографија тогаш ја објави на својот штотуку отворен Инстаграм профил и буквално ја сруши социјалната мрежа.
Се разбита, екипата сека ќе поминува многу повеќе време заедно откако сите се согласиле да снимат уште една епизода од оваа популарна серија.
Се шушка дека Кокс, Анистон, Лиса, Мет, Метју и Давид ќе добијат хонорат од 2,5 милиони долари.