Кортни Лав, музичарката и вдовица на Курт Кобејн, не е обожавател на Тејлор Свифт. Ова го откри во нејзиното интервју за The Standard каде меѓу другото рече дека Тејлор „не е интересна како уметник“.
„Тејлор не е важна. Таа можеби е безбедно засолниште за девојчињата и веројатно е Мадона на денешницата, но не е интересна како уметник“, рече Лав, разбеснувајќи ги љубителите на Тејлор Свифт.
На многумина особено им пречеше фактот што Лав го кажа ова додека ја промовираше „Courtney Love’s Women“, серија во која таа се навраќа на женските музичари кои влијаеле врз неа во текот на нејзината кариера.
Сепак, интернетот памети се, па луѓето побрзаа да го откопаат нејзиниот твит од 2021 година кога таа и посака среќен роденден на Тејлор Свифт и напиша дека е „инспирација за младите жени“.
Во истото интервју таа изјави дека не ја сака ниту Лана Дел Реј, ниту Бијонсе.
„Кортни секогаш напаѓа помлади, поубави и поуспешни жени од себе. Најди си работа“, пишуваат корисници на социјалната мрежа.