Кошаркарката Бритни Грајнер префрлена во казнена колонија во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Американската кошаркарка Бритни Грајнер е префрлена во казнена колонија во Русија, соопшти денеска нејзиниот адвокатски тим.

Минатиот месец рускиот суд ја одби нејзината жалба против деветгодишната казна за поседување дрога, објави АП.

„Бритни беше префрлена од притворниот центар во Икша на 4 ноември. Таа сега е на пат кон казнената колонија. Немаме никакви информации за нејзината точна моментална локација или нејзината крајна дестинација“, се вели во соопштението на нејзиниот адвокатски тим.