Кошмар на Волстрит: Што ако се воведе данок на финансиска трансакција?

од Берта Китинска
242 прегледи

Чичко Сем бара „ковчег злато“ што ќе ја ублажи болката од дефицитот вреден милијарди. Некои веруваат дека Волстрит може да го крие одговорот.

 

Повеќе од една деценија, прогресивците се обидуваа и не успеаја да воведат данок на финансиските трансакции. Но, има нов поттик за таквата давачка како што е зголемувањето на националниот долг за време на пандемијата и избезуменото тргување со „Гејмстоп“ што шири загриженост за структурата на пазарот, пишува Си-Ен-Ен.

 

Белата куќа неодамна соопшти дека данокот на финансиски трансакции при трговија слична на онаа регистрирана во случајот „Гејмстоп“ заслужува понатамошно истражување и може да биде дел од поголема проценка на последиците од таквиот данок на доходот и стабилноста на пазарот. Водечкиот предлог е 1 долар данок за секои 1.000 долари трансакции.

 

Но, постои длабока поделба на мислењата на оваа тема. Прогресивците сметаат дека тоа е паметен начин за истовремено ограничување на предаторската трговија и финансирање на амбициозни програми насочени кон ублажување на американскиот проблем на нееднаквост. Од друга страна, противниците на таа струја го претставуваат данокот на финансиски трансакции како кошмар. Волстрит, кој очигледно би бил засегнат, веќе предупредува дека таквата давачка ќе донесе зголемување на трошоците за тргување и амортизација на ликвидноста на пазарот.

 

„Шансите се уште се против воведување данок на финансиски трансакции, но за прв пат по една деценија, на овој предлог треба да се гледа како на одржлива опција за политика, а не само на друга точка на дискусија“, рече Ајзак Болтански, директор во Compass Point Research & Trading.

 

Минатата недела претседателката на House Financial Services изјави дека е „многу заинтересирана“ и „сигурно гледа“ на данок на финансиска трансакција.

 

Пратениците сигурно ќе бидат во искушение да ги оданочат трансакции, бидејќи тоа може да собере огромни суми пари. Поточно, 0,1% данок на акции, обврзници и деривати може да собере 777 милијарди долари за Федералната влада во текот на една деценија, според проценката на непартиската канцеларија за буџет на Конгресот за 2018 година.

 

Од друга страна, финансиската индустрија тврди дека дури и 0,1% од давачките за трансакции ќе предизвикаат играчите на пазарот да ги префрлат трошоците кон потрошувачите и да го отежнат купувањето и продажбата на хартии од вредност со намалување на ликвидноста. Некои компании од Волстрит може дури и да се обидат да ги преместат своите деловни активности во странство за да избегнат даноци.

Слични содржини