Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави дека Албанија би можела да се приклучи на Европската Унија пред крајот на оваа деценија.
„Доколку Албанија продолжи да напредува со истото темпо, сосема е можно да стане членка пред 2030 година“, рече Коста на прес-конференција во Тирана, заедно со албанскиот премиер Еди Рама.
Тој додаде дека сè зависи од тоа дали земјата ќе продолжи по добриот пат на реформи.
Премиерот Рама, кој неодамна доби четврти мандат со својата Социјалистичка партија, на изборите им ветил на Албанците дека ќе се приклучат на ЕУ до 2030 година.
Албанија официјално е кандидат за членство во ЕУ од 2014 година, а преговорите започнаа во 2022 година. Таа е членка на НАТО од 2009 година.
Набљудувачите забележуваат и одреден напредок во борбата против корупцијата во земјата.