Кошта: ЕУ нема да се откаже од поддршката за Украина

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската унија нема да се откаже од поддршката за Украина, како во преговорите, така и во обезбедувањето безбедносни гаранции и обновата на земјата.

Кошта истакна дека безбедноста на Украина и Европа не може да се разделат, бидејќи „руската закана ги надминува границите на Украина“, соопшти Европскиот совет.

Тој посочи дека војната во Украина ја променила Европската унија, која „веднаш“ и пружила значителна помош на Украина, вклучувајќи хуманитарна, економска и воена поддршка, како и санкции против Русија.

Слични содржини