Кошта и Атлетико ставија крај на соработката

од Vladimir Zorba

Диего Кошта официјално го напушти Атлетико Мадрид, објави клубот на својата официјална веб-страница.

Бразилецот кој игра за Шпанија не се појави на тренинг во вторникот, а само еден ден подоцна беше објавено дека соработката помеѓу клубот и напаѓачот е завршена.

Договорот беше раскинат спогодбено, а самиот играч побара разделба.

„Му благодариме за посветеноста сите овие години и му посакуваме среќа во продолжението на кариерата“, се вели во изјавата на Атлетико Мадрид на клупската веб-страница.

Коста учествуваше во големите успеси на клубот, како освојувањето на Примера во 2014 година, а истата година „јорганџиите“ играа во финалето на Лигата на шампионите. Покрај тоа, тој го крена трофејот од Купот во „црвено-белиот“ дрес во 2013 година и Лигата на Европа во 2018 година.

Во моментов Арсенал е заинтересиран за неговите услуги, па овој ас наскоро би можел да се врати во Лондон (тој играше за Челси од 2014 до 2017 година).

Кошта беше во Атлетико во три наврати и одигра вкупно 215 натпревари, постигна 83 гола и забележа 26 асистенции.

Првиот кандидат што ќе го замени во главниот град на Шпанија е Аркадиуш Милик, напаѓачот на Наполи.

Слични содржини