Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжи процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека Европската Унија не ѝ е потребна Унгарија за да го продолжи процесот на пристапување на Украина кон ЕУ, а согласноста од 27-те земји ќе биде потребна само на крајот од преговорите.

„Ќе продолжиме и ќе ја поддржиме Украина во нејзиниот процес на реформи, а ова е континуиран процес. Унгарија ни е потребна само на крајот, кога 27-те земји-членки треба да го прогласат крајот на преговорите, дотогаш не ни се потребни, можеме да продолжиме да работиме и тоа е она што го правиме“, изјави Кошта за полската агенција ПАП.

Затоа, како што изјави, не смета дека е неуспех полското претседателство со отворањето на првиот кластер.

Слични содржини