Коснет: САД ќе продолжат да го поддржуваат народот на Косово

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, заедно со сопругата Ана, на сите граѓани на Косово им ги честитаташе престојните божиќни и новогодишни празници, при што истакна дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Косово.

-Поздрав до сите-Алисон и јас сме на Косово една година. 2019 година беше многу возбудлива и 2020 година ќе биде таква, а САД ќе продолжат да го поддржуваат народот на Косово во настојувањето да ја гради иднината, правдата и просперитетот, рече Коснет во видео пораката објавена на неговиот профил на Фејсбук.

На граѓаните на Косово честитки по повод претстојните празници им пристигнаа и од претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер и канцеларката Ангела Меркел, пренесе Косово онлајн.