Косовец удрил во моторна санка на Попова Шапка

од Milan1

Две лица се повредени при судир на еден од скијачките терени на Попова Шапка. Според тетовската полиција, едното лице е малолетник, а другото вработен на Попова Шапка.

-Вчера во 16.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на скијачките патеки на Попова Шапка, малолетник од Косово додека скијал удрил во моторна санка што ја управувал А.Н.(32) од тетовско, вработен во фирмата што стопанисува со скијачкиот центар. Притоа, двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпатола на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини