Косово без официјални информации за бегството на Рамадани

од Илинка Илиоска
51 прегледи

Одлуката за поранешниот припадник на ОВК за кој во моментов во Северна Македонија е распишана потерница, Блерим Рамадани, е сменета од домашен притвор во притвор.

Ова го соопшти Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, пренесува „КосоваПрес“.

Како што потврди македонското МВР, Рамадани вчера (четврток) избега од домашен притвор од куќа на роднина и сега тој се бара со централна потерница. Рамадани ја чекаше одлуката на Врховниот суд.

„Ве известуваме дека Амбасадата на Република Косово во Северна Македонија е известена од адвокатот на Рамадани дека мерката за безбедност е преиначена од куќен притвор во притвор, во моментот кога тој ја чекал одлуката на Врховниот суд, рече Леутрим Сахити, политички советник во косовското Министерство за правда.

Сахити рече дека не добиле други официјални информации од надлежните органи на Северна Македонија.

Основниот кривичен суд Скопје на 08.08.2024 година одлучи да не го екстрадира Блерим Рамадани во Србија.

Слични содржини