274
Министерството за здравство на Косово денеска соопшти дека во последните 24 часа нема смртни случаи од Ковид-19, додека од 1.563 тестирани примероци, само четири биле позитивни.
Четири пациенти се прогласени за излечени, а вкупниот број оздравени од почетокот на епидемијата е 157.824.
Во Косово моментално се активни 324 случаи на Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата, вкупно 2.984 луѓе починале како последица на инфекција со коронавирусот.