Косовското министерство за здравство соопшти денеска дека до крајот на месецот се очекува да пристигнат 100.800 дози вакцини за коронавирус на АстраЗенека преку системот Ковакс.
Порталот Зери известува дека, заедно со дозите на вакцини, жителите на Косово ќе можат да добијат и ковид-пасош, кој ќе го воведат многу европски земји, а кој Албанија веќе започна да го воведува.
„Според планот за имунизација против Ковид-19, на секое вакцинирано лице ќе му се обезбеди сертификат со цел да се докаже дека ги примил двете дози на вакцината против вирусот“, изјавија од Приштина.