455
Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека по наредба на надлежниот обвинител во Приштина е приведен осомничен за закани со насилство и убиство кон премиерот Албин Курти.
„Осомничениот Н.С. испратил закани… на социјалната мрежа Фејсбук“, се вели во соопштението.
Н.С. ги повтори заканите синоќа во емисијата на ТВ Дукаџини.
Со решение на Специјалното обвинителство му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.