Косово го поддржа Израел во конфликтот со Хамас

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Официјална Приштина денес го поддржа Израел во конфликтот со палестинската организација Хамас.

Тие проценуваат дека Израел има право и обврска да го брани својот народ.

„Како и секоја земја, Израел има право и обврска да го брани својот народ од над 2.000 ракети истрелани врз цивили само од Хамас, што ги држи како заложници палестинските цивили во својата војна“, се вели во соопштението на приштинското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека Приштина жали за сите жртви и повикува на воздржаност, ставање крај на насилството и барање мирни решенија.

На тоа реагираше директорот на Одделот за евроазиски работи во израелското Министерство за надворешни работи, Јаков Ливнe, кој и се заблагодари на Приштина за ваквиот став.

„Благодарам, Косово“, рече Ливнe и го сподели соопштението на министерството од Приштина на Твитер.

Претходно денес, Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) остро ја осуди „израелската брутална агресија“ врз палестинскиот народ, се вели во соопштението објавено по вонредниот состанок на таа организација.

Приштина, како што пренесуваат медиумите, претендира да стане полноправна членка на оваа организација.