Косово и Турција потпишаа договор за воена соработка

од Nikola Popovski
256 прегледи

Министрите за одбрана на Косово и Турција, Ејуп Македончи и Јашар Ѓулер денеска потпишаа рамковен воен договор, соопшти косовското министерство.

Македончи со делегацијата на тоа министерство и Косовските безбедносни сили (КБС) е во официјална посета на Турција, на покана на Ѓулер.

Во соопштението се наведува дека со договорот се очекува продлабочување на воената соработка: размена на воен персонал, образование, заедничка обука, инвестиции во одбранбената индустрија, лекување на припадниците на КБС во Турција.

Според соопштението, Македончи истакнал дека веќе постои блиска соработка во воената област за заеднички придонес за зачувување на мирот и стабилноста.

Слични содржини