Косово и Европската комисија денес во Стразбур ќе потпишат Спогодба за стабилизација и асоцијација, што е прв ваков договорен акт меѓу Косово и ЕУ.
Според најавите, на потпишувањето ќе бидат пристутни косовскиот премиер Иса Мустафа, европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешни работи Федерика Могерини.
-„Тоа за нас е многу важна спогодба, бидејќи отвора врата и поинаква позиција за економска соработка со земјите од ЕУ.“-рече косовскиот премиер.
Бидејќи Косово не го признаваат пет земји членки на ЕУ, на почетокот е одлучено е спогодбата со Косово да не ја потпишуваат земјите членки, како во случајот со другите кандидати од Балканот, туку ЕУ.Унијата со Лисабонскиот договор доби статус на правно лице, а со тоа можност да преговара за меѓународни договори.