Косово изгуби повеќе од 400 милиони евра поради санкците од ЕУ

Мораме да работиме напорно за да се ослободиме од нив, но ќе биде тешко зашто е потребно усогласување на сите 27 членки“, рече Хазири на прес-конференција во Гњилане.

од Бети Божиноска
203 прегледи

Потпретседателот на Демократската лига на Косово, Љутфи Хазири, изјави вчера дека штетата на Косово по воведувањето на санкциите од Европската Унија минатата година поради неуспехот за деескалација на ситуацијата на северот од земјата изнесува повеќе 400 милиони евра, пренесува „Албаниан пост“.

„Во Косово постојат казнени мерки и нивниот финансиски ефект надмина 420 милиони евра, а почна со 270. Мораме да работиме напорно за да се ослободиме од нив, но ќе биде тешко зашто е потребно усогласување на сите 27 членки“, рече Хазири на прес-конференција во Гњилане.

Хазири зборуваше и за одлуката на Централната банка на Косово да ја забрани употребата на динарот во општините со мнозинско српско население, посочувајжи дека за тоа воопшто и не требало да се разговара.

„Прашањето за динарот ќе заврши како и прашањето околу енергетиката. Ќе се инаетат извесен период, а потоа ќе се повлечат. Од владата беше  речено дека воопшто нема да се среќаваат околу прашањата за динарот, а сега се сретнаа и разговараа“, нагласи тој.

Хазири беше прашан и за средбата на Милан Радојиќ со амбасадорот на Србија во САД, Марко Ѓуриќ, додавајќи дека тоа не е изненадување за него, бидејќи како што истакна „Србија е засолниште на терористот“.

„Србија не само што е извор на дестабилизација и финансирање на тероризмот, туку е и домаќин на терористи и не е изненадувачка средбата на српскиот амбасадор во САД, Марко Ѓуриќ со Радојиќ. Зошто да се изненадам?“ праша тој.

Слични содржини