Косово ќе се пријави за членство во Советот на Европа

од Nikola Popovski
327 прегледи

Косово наскоро ќе поднесе барање за членство во Советот на Европа, со денови најавува Приштина. Јетон Зулфај, политички советник на косовскиот премиер Албин Курти, верува дека шансите за прием се добри.

Обезбедени се две третини од гласовите, изјави синоќа Зуљфај, пренесува Газета експрес.

„Ќе се пријавиме. Мислам дека шансите по заминувањето на Русија се многу добри. Две третини од земјите што треба да гласаат се веќе обезбедени, во смисла дека имаме држави кои не признаваат и дека тие се дел од оваа група од две третини“, рече тој на ТВ 1.

Запрашан дали добиле потврда од некоја земја, Зулфај рече дека има моќни земји како Германија кои ќе помогнат.

„Како што видовте при нашата посета на Берлин, канцеларот Шолц директно ја спомена неговата поддршка за нашата апликација за Советот на Европа. Ќе имаме земји кои ќе ни помогнат, силни, како Германија, кои ќе лобираат во оваа насока“, објасни тој.

За потсетување, премиерот на Косово Албин Курти неодамна од Берлин најави дека Приштина наскоро ќе поднесе барање за членство во НАТО Партнерството за мир, но и во Советот на Европа.

Слични содржини