Извршниот совет на УНЕСКО со мнозинство гласови денеска го предложи Косово да биде примено во таа организација.
За предлогот гласаа 27 членови, против беа 14, а толку беа и воздржани.Претставниците на Русија и Куба, со поддршка на Индонезија, се обиделе да го одложат изјаснувањето, но претседателот на Извршниот советго одбил барањето.
За дефинитивната одлука Косово да се прими како членка на Унеско ќе се одлучува на Генералната конференција од 3 до 18 ноември, а ќе одлучува двотретинското мнозинство од 195 држави членки, од кои 111 го признале Косово, а 84 не го сториле тоа.
Српскиот државен врв, научната јавност, црквата, сите тие се согласни дека приемот на Косово во Унеско е неприфатлив, а петицијата против приемот на Косово во краток рок ја потпишаа повеќе од 100 000 луѓе во Србија.