Министерството за надворешни работи на Косово денеска соопшти дека не добило ниту едно известување од деветте земји за повлекување на признавање на нивната независност.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини, Либија, Гвинеја, Барбуда, Санта Лусија и Малдивите го повлекле признавањето и дека се очекува десетто повлекување.
„Министерството за надворешни работи соопштува дека не добило никаква информација во врска со вчерашните тврдења на претседателот на Србија дека некои земји го повлекле признавањето. Таквото тврдење не е докажано ниту со лични разговори со претставници на различни нивоа на овие земји, ниту по консултации со важни партнери на нашата земја“, се вели во соопштението на Министерството, цитирано од приштинска „Коха“.