Косово: Отворен оган од возило во движење

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Неколку куршуми биле испукани во текот на ноќта во селото Грачаница во Косово, во близина на Приштина, од автомобил во движење, потврди за РТС полицијата која го истражува случајот.

Нема материјални или други последици.

Од полицијата изјавија дека трагаат по автомобилот од кој се пукало, бидејќи ги имаат регистарските таблички.

Случајот во полиција го пријавиле лица од возило кое било во близина.