Косово: Уште 294 новозаразени, 17 лица починале

од Nikola Popovski
173 прегледи

Во последните 24 часа во Косово и Метохија, уште 294 лица се заразиле со коронавирус, а 17 починале, соопшти денеска Институтот за јавно здравје во Приштина.

Биле тестирани 1.035 лица, а повеќето нови пациенти се од Приштина, Гњилане, Ѓаковица, пренесува приштинска „Коха“.

Досега, вкупно 47.203 лица се заразиле со вирусот  во Косово и Метохија, а починале 1.220 лица.

Слични содржини