Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави дека надлежните институции се подготвуваат за воведување на потребните мерки за време на претстојните празници.
Тој на својот профил на Фејсбук напиша и дека институциите напорно работат на обезбедување вакцина против коронавирусот
„Ние сме дел од програмата COVAX и очекувам дека ќе добиеме вакцини за 20% од граѓаните“, рече Хоти.
Тој исто така изјави дека Националниот институт за јавно здравје на Косово работи на обезбедување на потребната техничка опрема за складирање и дистрибуција на вакцини низ општините.
„Институтот подготви план за вакцинација, приоритет ќе имаат старите лица, луѓето со хронични болести и здравствените работници, кои се во првите редови на оваа борба“, напиша тој.
Според него, медицинскиот персонал врши извонредна работа.
„Денес, бројот на пациенти примени на клиниките во Приштина и регионалните болници е 874. Ние мора да им ја обезбедиме на лекарите и медицинските сестри сета неопходна институционална поддршка (што и даваме), морална и јавна“, рече Хоти.
Критиката кон нив, посочи, е несоодветна и неприфатлива.
„Само оние кои се соочиле со вирусот и побарале болнички услуги разбираат каква работа работат. Се разбира, постојат технички проблеми со недоволни и соодветни кревети, или со целосно снабдување со лекови или потешкотии во снабдувањето со кислород. Но, овие професионалци вршат колосална работа скоро една година без прекини “, заклучи Хоти.