Косово: Втор ден по ред без смртни случаи од коронавирус

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Во последните 24 часа, на Косово се регистрирани 31 нов случај од 3.012 тестирани примероци, а втор ден по ред нема смртни случаи од последиците на Ковид-19, објави Националниот институт за јавно здравје .

Досега починале 2.239 лица како резултат на коронавирусот.

Во моментов, активни се 3.631 случај на коронавирус, а од почетокот на пандемијата регистрирани се 107.244 случаи на Ковид-19, објави РТК2.