204
Косовската полиција соопшти дека постои сомневање дека е убиен мажот (60) кој во вторникот беше пронајден без знаци на живот во Косовска Митровица.
„Врз основа на првичните истраги, постои сомневање за тешко убиство“, изјави Авни Захити, портпарол на полицијата за регионот на Митровица.
Извори на Коха.нет наведуваат дека на телото на жртвата биле пронајдени траги на насилство.
Захити рече дека полицијата ја продолжува истрагата за утврдување на сторителот и можниот мотив за ова дело.