1,1K
Шест полицајци се повредени, а тројца се уапсени на крајот од денешната акција на косовската полиција против шверц во северно Косово, соопшти полицијата. Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово.
Реакцијата на Борел доаѓа по денешните акции на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население.