Претседателот на Косово, Вјоса Османи, го номинираше поранешниот претседател на парламентот, Глаук Коњуфца, за следен премиер, во обид да избегне предвремени избори и покрај противењето на опозициските партии на неговата кандидатура, објави Ројтерс.
Коњуфца има 15 дена да предложи Влада на одобрување од парламентот, кој минатиот месец ја отфрли кандидатурата на Албин Курти, кој беше привремен премиер по изборите минатиот февруари.
Опозициските лидери изјавија дека ја отфрлиле кандидатурата на Курти на 26 октомври и дека ќе ја отфрлат и кандидатурата на Коњуфца, сојузник и близок соработник на Курти, и повикаа на предвремени избори.
Месеците политички застој во земјата придонесоа за недостаток на реформи, одложувања во инфраструктурни проекти и замрзнување на средствата од ЕУ и Светската банка, како и за попречување на европската интеграција на Косово, забележува Ројтерс.