162
Косовската полиција соопшти дека граничните премини на северот на Косово во Јариње и Брњак се привремено затворени, а поводот за тоа е полициска проценка и мерка за претпазливост по блокадите кои ги поставија српските жители на неколки села.
Полицијата соопшти дека мерките за претпазливост се преземени по блокадите на територијата на општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, каде што е нарушена слободата на движење.
Граничната полиција ги повика граѓаните кои сакаат да влезат во Косово да ги користат другите гранични премини. Во повикот кон нив се бара и соработка како и „ да не наседнуваат на повиците за провокации од криминалнни групи“.