Косовски аналитичар уапсен во Приштина: „Времето на српските шпиони заврши“

На Шехоли му е одреден притвор до 48 часа, јавуваат медиумите во Приштина.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Косовската полиција го уапси Фатмир Шехоли, директорот на Институтот за афирмација на меѓуетничките односи во Приштина, а Специјалното обвинителство во Приштина објави дека Шехоли е уапсен во соработка со косовската разузнавачка агенција под сомнение за сторено кривично дело „шпионажа“.

На Шехоли му е одреден притвор до 48 часа, јавуваат медиумите во Приштина.

Се додава дека косовската полиција врши претрес на неговиот дом со цел да обезбеди материјални докази.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, потврди дека Фатмир Шехоли е осомничен за шпионажа, додавајќи дека, како што изјави, „времето на српските шпиони на Косово заврши“ и дека „секој што работи за Србија и против Косово ќе биде прогонуван без компромис“.

Шехоли е директор на Институтот за афирмација на меѓуетничките односи во Приштина и е чест гостин на медиумите во Приштина како политички аналитичар. Шехоли, исто така, коментираше за случувањата во Косово во српските медиуми, честопати со критички тон кон Курти и постапките на косовските власти.