Косовско МНР: Пред да побегне, на Рамадани во Скопје му беше сменета мерката „домашен притвор“ со „притвор“

од Milan1
116 прегледи

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека од косовската амбасадата во Северна Македонија е информирана оти македонските власти ја смениле безбедносната мерка на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Блерим Рамадани од „куќен притвор“ во „притвор“ пред тој да избега од домашниот притвор кој го издржувал во куќата на негови роднини во Скопје.

Од косовското МНР за порталот „Газета експрес“ изјавија дека информацијата за промената на безбедносната мерка за Рамадани, кој беше уапсен врз основа на меѓународна потерница, ја дал неговиот адвокат.

-Во врска со вашите прашања, ве известуваме дека Амбасадата на Република Косово во Северна Македонија е известена од адвокатот на г. Рамадани дека безбедносната мерка му била преиначена од куќен притвор во притвор, во времето кога ја чекаше одлуката на Врховниот суд, се вели во одговорот на косовското МНР.

Од Министерството велат дека немаат други официјални информации од властите во Северна Македонија.

-Потсетуваме дека, според нашите претходни информации, Основниот кривичен суд Скопје на 08.08.2024 година одлучи да не го екстрадира г. Блерим Рамадани во Србија. Тој во наредните денови ја чекаше конечната пресуда на Врховниот суд, се вели во информацијата од косовското МНР.

Слични содржини