Поволностите при пререгистрација на автомобил со српски регистарски таблички во РКС ќе траат до 31 март. По тој датум, пререгистрацијата е можна до 21 април, но без понудените поволности, потврдија од косовското МВР, пренесува „Коссев“. Истовремено додаваат дека од утре ќе бидат опоменати сопствениците на возила со српски таблички на градовите во Косово со барање да се обратат до центрите за регистрација на возила.
И покрај неколкуте барања на ЕУ и САД за продолжување на процесот на пререгистрација од српските таблички во РКС за уште десет месеци, косовската влада во петокот, три дена пред истекот на рокот (31 октомври), одлучи да ја спроведе својата одлука за ре -регистрација етапно, пренесеува „Коссев“.
Во пракса, нивната одлука за отстранување на српските таблички сега ќе се применува до 21 април 2023 година – почнувајќи со предупредувања, казни, пробни таблички, па сè до целосно отстранување.
Мерката за предупредување, според оваа одлука, започнува на 1 ноември, кога, како што сега прецизираше МВР, сопствениците на автомобили со српски градски таблички на Косово ќе бидат опоменати во наредните три недели со барање да одат во Центар за регистрација на возила со цел прибирање таблички RKS.
Од косовското МВР потсетуваат и дека потоа од 21 ноември ќе се изрекуваат глоби и на сопствениците на возила со таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ДА или „ЏА“ во износ од 150 евра, како и дека во наредните два месеци ќе се воведат пробни таблички – со право на регистрација на табличките во РКС и со предвидените поволности.
Истовремено, тие прецизираат дека сите сопственици на автомобили со овие таблички сепак ќе можат да ги користат поволностите при пререгистрацијата на своите автомобили во РКС, но до 31 март 2023 година.
Посочуваат дека пререгистрацијата по тој датум ќе биде можна до 21 април 2023 година, но без понудените поволности.
Ова се поволностите за преминување на регистарски таблички РКС, кои косовското МВР, а според одлуката на косовската влада од 29 јуни, им ги овозможи на сопствениците на возила со горенаведените српски таблички.
Според таа одлука, оние сопственици на возила кои сакаат да ги заменат српските таблички со таблички РКС се ослободени од царински давачки, административни такси во центрите за регистрација на возила, такси за регистарски таблички и такси за издавање на сертификати за регистрација на возила.