Во прекрасниот филм „Алфа“ на авторот Алберт Хјуз (2018 г.) имаме приказ за тоа како првото одење во лов на момчето кое живеело во племе од крајот на ледената ера, некаде пред 20 илјади години, завршило неславно. Племето кое го води – што би рекле денес – својот тинејџер, по неговата проба на осамостојување како ловец, го остава во дивината мислејќи дека е мртов, после неуспешен обид за пресметка со бизон.
Филмот успешно ја лоцира приказната во времето кога ловот на диви животни е единствен извор на храна, бидејќи, идните полиња се под дебел мраз кој ќе се повлече после барем 15 илјади години! Ги има и оние додатни елементи на осамостојувањето (како самоизлекување, совладување на осаменоста со помош на припитомено диво животно и слично); a момчето Коди се враќа во племето како очеличен маж, способен за опстанок и во најтешки услови.
Дали таквата форма на транзиција од детството во постедиповскиот период на машките потомци го издржува товарот на совремието? Ова доаѓа од фактот што сме сведоци на нешто што покажа голема приврзаност на нови генерации кон современите оружја и нивното користење кон околината, без било какво оправдување. Факт е дека со децении наназад како знак на иницијацијата за синовите беше сметано одењето на служење на воениот рок, поврзано со потенцијална машкост.
Целата колумна на следниот линк!