Коста Петров заработи кривична за работењето во ФИТР

од Milan1
214 прегледи

Против поранешен директор на Фондот за иновации и технолошки развој е поднесена кривична пријава за нереализиран проект на фирмата Хојо тек од Струга. Се работи за проектот наречен Грин Хојо, кофинансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Проектот бил за собирање податоци преку IoT-уреди за да се искористи решението за паметен дом за да се направи енергетски поефикасна канцеларија/куќа/стан.

Постои основано сомневање дека Фондот е оштетен за 4.000.000 денари, затоа што е сторена „злоупотреба на службена положба“ од страна на поранешно ракoводно лице, директорот Фестим Халили. Корисникот иако не ги испочитувал обврските од договорот и правилникот, директорот Халили не го раскинал договорот, а исплатите се етапно завршени. За корисникот Хојо Тек и одговорното лице Дашмир Истрефи има сомневање за сторено казнено дело „измама“. Одговорното лице како трошоци со коишто ги правда добиените средства, прикажува едни фактури, за потоа да ги корегира на барање на овластен ревизор – како доставување на трошок за закупнина и слично. Тоа го прави со цел да го доведе во заблуда Фондот и да се стекне со имотна корист од 4.000.000 денари. Од досега пронајдените докази, постои сомневање дека од самиот почеток на проектот има внатрешна соработка помеѓу раководно лице и лица вработени во ФИТР и корисникот кој го добил грантот од 4.000.000 денари, па понатамошната истрага може да докаже основано сомневање и за други дела.

Од ревизијата на работата на ФИТР, произлезе уште една кривична пријава, исто така против поранешен директор на Фондот, Коста Петров.

Во овој случај се работи за проект на Фротирка АД Делчево финансиран од ФИТР, незавршен проект, исплатен, а без никаква соодветна реакција од раководното лице, во случајот поранешниот директор на ФИТР Коста Петров.

Слични содржини