Откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски најави протести под мотото ,,Слобода за уставобранителите”, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов преку својот фејсбук профил го обвини дека ставовите на Мицкоски се менуваат во рок од неколку месеци.
Како главна причина тој ја посочува тоа што „главниот финансиер“ на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи на бизнисменот Орце Камчев, е во затвор.
„Што се смени кај Мицкоски во период од неколку месеци? Од признавање вина, до повик на масовни протести. Единствената промена е што во овој период во притвор отиде еден од главните финансиери на оваа криминална партија ВМРО-ДПМНЕ. Правото на протест е со устав загарантирано, ама и мојата обврска до моите пријатели кои се активисти или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ е важна, за да им укажам на стапицата која им се спрема”, напиша Костадинов.