„Христијан Мицкоски денеска продолжи со незрело, деструктивно однесување, онака како што се однесува за целото време на оваа здравствена криза. Лажни вести, деструкција, конструирани случаи и непочитување на мерките, тоа е она што Мицкоски им го нуди на граѓаните за време на пандемијата и за време на сите овие 2,5 години откако ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти денеска на прес-конференција Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
„Граѓаните многу добро видоа како додека лекарите и сите здравствени работници деноноќно се борат со коронавирусот, Мицкоски за тоа време се шеташе по тератени и по Водно без притоа да ги почитува мерките и задолженијата. Наместо да помага, Мицкоски постојано одмагаше и преку лажни вести се обидуваше да ја вознемирува јавноста. Прво лажеше дека имало само 100 теста за коронавирус, потоа дека 140.000 граѓани останале без работа. Иако овие лаги беа демантирани од страна на институциите, Мицкоски не престана со ширење лажни вести.
Згора на се, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дозволи непочитување на мерките и препораките и го загрози здравјето на граѓаните.
Овие денови ги гледаме последиците од оваа неоговорност, имаме нов број заразени од вирусот“, вели Костадинов.