На денешната прес-конференција на СДСМ, портпаролот на партијатаа и воедно пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов ги обивни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека продолжуваат со опструкции и блокади на важни законски решенија.
354
На денешната прес-конференција на СДСМ, портпаролот на партијатаа и воедно пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов ги обивни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека продолжуваат со опструкции и блокади на важни законски решенија.
– Партијата предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена работи на штета на граѓаните, на државата. ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието не се откажува од блокада на Законот со кој државата конечно ќе добие нов современ Клинички центар после речиси 80 години. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против унапредување на здравствениот систем, против здравствените работници, против подобри здравствени услуги за сите граѓани. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се и против наставниците и стручни соработници. Против се над 4 700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование да добијат вработување на неопределено време, да добијат економска сигурност. ВМРО-ДПМНЕ се против припадниците на Армијата. Тие се противат војниците да добиваат отпремнина и до 20 000 евра и да имаат други поволности при пензионирање. Тие се против се стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на одбраната. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против граѓаните, против здравствените работници, против наставниците, против образованието, против припадниците на Армијата. Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира. Затоа шест пати ВМРО- ДПМНЕ се поразувани на изброи, затоа уште долго ќе се во опозиција, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.