Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ Костадин Костадинов денеска на прес-конференција го претстави проектот за изградба на
адреналински парк и реконструкција на трим патеката до Парк шумата „Свети Илија“.
„Во соработка со стручни лица, преку изведба на точна проектна програма, доминантен проект со капитална вредност наменет за спорт и рекреација е изградбата на адреналински парк. На локацијата Чамчифлик, на површина од 6000м2 планираме да конструираме реквизити од природни материјали наменети за рекреативци со екстремен спортски дух. Секако, согласно концептот, адреналинскиот парк ќе овозможи користење на реквизитите на деца граѓани кои ќе имаат желба исклучиво за рекреација“, изјави Костадинов.