Костадинов: Сега не е време за теснопартиско однесување, сега е време да им помогнеме на нашите сограѓани (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
169 прегледи

„Од почетокот на кризата, Владата, надлежните институции покажуваат вистинска грижа за граѓаните и деловните субјекти кои се најмногу погодени. Тоа продолжува и со овој ребаланс, со овој пакет економски мерки. Во период кога целиот свет се соочува со економска криза, важна е навремената и ефикасна помош во справување со последиците“, изјави денеска Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Затоа, ги повикувам сите пратеници, низ конструктивна и отворена дебата, да ги поддржиме овие измени и дополнувања на Буџетот за 2020.

Сега не е време за теснопартиско однесување, сега е време да им помогнеме на нашите сограѓани, да и помогнеме на нашата, македонска економија. Да се водиме од одговорноста што ни е дадена и да го изгласаме ребалансот на Буџетот за 2020 година“, посочи Костадинов.