Костадиновска Стојчевска: ДПМНЕ потврди дека се манипулатори, не е мој потписот на сметките

од Илинка Илиоска
72 прегледи

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и пратеничка од редовите на СДСМ објави дека потписот на сметката што ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, не е нејзин.

„Благодарам на ДПМНЕ што потврди дека се манипулатори и дека моето име служи за дефокус на нивното неуспешно неработење.

Имено, потписот на сметката не е мој и тоа лесно може да се докаже, а останатите три се без потпис. Се прашувам кој ќе ви поверува на лажирани сметки, без мој потпис, знаејќи ги кои се процедурите за затворање на патен налог.

Не кажа колегата Лефков дали одреди медиум на кој ќе ги соочиме фактите и прегледаме трошоците за моите службени патувања“, напиша Костадиновска Стојчевска на својот профил на Фејсбук.

Претходно, иако поранешната министерка објави и фотографија од извод од нејзината трансакциска сметка, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Костадиновска Стојчевска со патниот налог до сметкводство во Министерството за култура „ги доставила и сметките кои ги покрила со народни пари, аод нив може да се види дека со буџетски пари плаќала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња.“

Слични содржини