Директорот на Агенција за филм заедно со мене и со директорот на Управата треба да учествува во борбата за поголем буџет и не гледам зошто само јас треба да бидам одговорна за сите три институиции. Ова е тимска игра, тие се директори избрани од Влада. Зошто тие не се побудиле за намалувањето на буџетот? – праша минстерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска во емисијата “Аргумент Плус” на Телевизија 24.
Таа јасно посочи дека се невистините тврдењата дека Министертсвото за култура со предложениот ребаланс прави сериозни кратења на средствата наменети за филм преку Агенцијата за филм. Напротив порача Костадиновска- Стојчевска, буџетот за филм во 2023 година изнесува 200 милиони денари споредбено со претходната 2022 кога тој изнесувал само 170 милиони.
Во “Аргумент Плус” на Телевизија 24 таа се осврна и слабата реализација на буџетот на филм кој до 22 септември изнесувал само 30 отсто.
-Ќе се дообјаснам уште еднаш, имаме три поседувателни негативни ревизорски извештај во однос на банкарските гаранции. Ревизорот утврдува слабости во следење на важноста на банкарските гаранции, непридржување на динамиката за реализација на филмскиот проект, доделување на дополнителни средства за финансирање на проект. Овој извештај е доставен и до директорот на Агенцијата за филм- вели Костадиновска- Стојчевска за “Аргумент Плус”.