Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот не се предвдува покачување на платите во ниту еден сектор

од Milan1
40 прегледи

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на комисиската расправа посветена на ребалансот на буџетот истакна дека при образложувањето на буџетот јавноста сфати дека новата влада не знае што прави во моментов, ниту пак знае што ќе правите во наредниот период.

– Една таква влада имавме, таа до 2016 која велеше дека има некаков план и тогаш имавме кратење на даноци, кратење на работнички права, ниски плата, мала улога на државата во економијата, ни тогаш ни сега не гледаме ништо за справување со сиромаштијата, за подобрување на животниот стандард, видовме само стопирање на постапки за вработување, запирање на склучување на нови колективни договори и неоставање ниту простор за репреговарање или преговарање на нови, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека под флексибилизација на пазарот на труд се подразбира кратење на работнички права, а со ребалансот не се предвидува покачување на платите во ниту еден сектор, ниту образование, ниту здравство, ниту полиција, ниту армија, не се почитуваат ниту обврските од општиот колективен договор и нема да има зголемување ниту на минималната плата на 450 евра колку што бараат синдикатите, а први на удар беа платите на културните работници, не се предвидени ни пари за високото образование.

– Водите неодговорна фискална политика, што покажуваат два индикатори во ребалансот, порастот на јавниот долг и високите камати на кредитите што ќе треба Македонија да ги плаќа и што, според експертите ќе ја вовдеат државата во должничко ропство, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека до крајот на годината само за камати на кредити треба да се издвојат 300 милиони евра, што е повеќе од што државата дава за социјални надоместоци за сиромашните.

– Велите дека нема непродуктивни трошења, а гледаме лускуз од првиот ден, затоа треба да се знае дека ребаланост е за задоволување на коалициските договрања, посочи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Слични содржини