Костадиновска-Стојчевска: Вложуваме во младите и ги препознаваме нивните иновативни идеи

од Radmila Tasevska
241 прегледи

Вложуваме во младите и ги препознаваме нивните иновативни идеи, поддржувајќи го проектот за афирмација на културата и традицијата преку креативни и иновативни занаети за млади, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на средба со корисниците на средства преку годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот „Цртај на македонски“.

Во Битола, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, вреднувањето и моќта на културата, како срце на секоја заедница, се должи на големиот број поддржани проекти на конкурсите на Министерството за култура како и на активното и успешно работење на националните установи, но и на здруженијата и поединци од градот.

-Над 86 милиони денари се вложени само за поддршка на програмите на Националните установи во Битола, а со скоро 7 милиони денари беа поддржани другите корисници за проекти со кои ги поддржавме младите уметници на конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 на моја иницијатива за да се афирмираат кирилицата и македонскиот јазик, подржавме млади пијанистки, детски фестивал, издавачки куќи, здруженија на граѓани и други корисници кои добија поддршка од Министерството за култура. Она што е значајно е фактот што Министерството за култура континуирано, секоја година ја зголемува поддршката за проекти кои се од национален и државен интерес. Па така, во Битола годинава до сега, за дејностите од областа на културата за националните установи во Битола се вложени безмалку 50 милиони денари, истакна Костадиновска-Стојчевска.

На прес конференција во Битола и во придружба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерката Костадиновска-Стојчевска потсети дека само во 2023 имаме инвестирано во заштита на културното наследство со над 11 милиони денари за одржување, реставрација, конзервација и афирмација на вредното културно во црквата свети Ѓорѓи во село Курбиново, Јени Џамија, Спомен куќата на Гоце Делчев, на Стив Наумов, како и обновувањето на  спомениците на НОБ.

Слични содржини