Во денешното гостување во „Студио 10“ Ванчо Костадиновски Директор на Централен регистар на Македонија, изјави дека Централниот регистар е административен обем.
„Централниот регистар на Република Македонија има ангажирано голем број на професионалци кој многу добро си ја познаваат процедурата и работата во својот дел значи тоа е административна постапка за регистрација одредени како форма се препознаваат како здруженија на граѓани согласно Законот за здруженија граѓани и фондации. Од она што можевме да видиме во јавноста ги возбуди чувствата на граѓаните, зошто?
Заради тоа што нели некое здружение на граѓани може да има одреден назив којшто содржи име и презиме на некој лик од минатото за којшто на некој начин треба да се прибават соодветни согласности за да можат тие во административна постапка да бидат регистрирани односно да влезат во правниот промет да можат да делуваат во Република Македонија.
Централниот регистар е административен обем.
Во одредена постапка тие ќе поднесат одредена пријава значи се средува тоа и централниот регистар се впушта во оцение дали се исполнети условите да се дозволи на одредени лица во соодветна постапка да се здружат и да ги остваруваат правата согласно и програмата која е наведена во статутот“, вели директорот на Централен регистер, Ванчо Костадиновски .